Македонија
12. February 2024 - 16:33

Парламентот дебатира за изборот на министрите од редовите на Села

Министри на ДУИ од кадровска комисија на Села. ВМРО-ДПМНЕ во парламентарната дебата со критики за изборот на Илир Демири кој треба да седне во министерската фотлеја во здравство и Наим Бајрами кој треба да стане министер за информатичко општество и администрација. Техничкиот премиер Џафери, пак, само со кратко образложение за предлозите за нови министри.

Од опозицијата се уште тврдат дека Артан груби од ДУИ ги носи главните одлуки во владата на СДСМ, ДУИ и Алијанса.

Владејачкото мнозинство без некоја посебна одбрана на министрите, главно ја критукуваат опозицијата дека е лицемерна во односнот кон Алијанса.

Според распоредот на силите во парламентот, власта го има потребното мнозинство за да ги избере Демири и Бајрами. Тука влегуваат и 6 од 8 гласа од пратеничката група на Алијанса. Поради расколот во Алијанса, влдејачкотот мнизнство во петокот ги разреши Азир Алиу и Фатмир Меџити, министри од редовите на Алијанса што го поддржаа лидерот Таравари.