Парламентарни избори во Италија на 4 март
Италијанската Влада вечерва донесе одлука редовните парламентрани избори во земјата да се одржат на 4 март 2018 година.
Владата на премиерот Паоло Џентилони ја донесе оваа одлука, откако претходно попладнево италијанскиот претседател Серџо Матарела потпиша декрет за распуштање на Парламентот, со што официјално започна процедурата за спорведување на изборите.
Матарела го распушти Парламентот по средбата со Џентилони и претседателите на двата парлментарни дома, Сенатот и Претставничкиот дом.
Џентилони денеска побара од партиите колку што можат повеќе да го ограничат ширењето на страв во предизборниот период, имајќи предвид дека во пресрет на изборите главна тема меѓу партиите во Италија е приливот на мигранти од Либија, што некои партии го користат за заплашување на граѓаните со опасноста од мигрантската криза.
Во речиси сите анкети на јавното мислење најголема популарност ужива популистичкото Движење Пет Ѕвезди (М5С), пред левоцентристичката Демократската партија на Џентилони.
Иако во изминатите месеци бележат раст на популарноста, се уште далеку зад овие две партии се десничарските Форца Италија (ФИ) на поранешниот премиер Силвио Берлускони и Северната лига (ЛН), кои во своите настапи тврдат дека владејачките демократите не успеале да ја контролираат миграцијата во Италија.
Ново на Сител
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно