Париз од Трамп бара да не се меша во внатрешната политика на Франција
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да не се меша во внатрешната политика на Франција, откако тој на Твитер ги поврза масовните протести со Парискиот договор за климата.
– На Доналд Трамп му порачав, му кажа и претседателот Емануел Макрон, дека ние не учествуваме во американски дебати, па затоа да не остави да ја водиме сопствената политика, рече министерот.
– Ние не се мешаме во американската внатрешна политика, па би сакале таквата состојба да биде взаемна, појасни Ле Дриан.
Трамп вчера твиташе за „многу тажниот ден” во Париз по новите протести на „жолтите елеци” и повика на ставање крај на климатскиот договор потпишан кон крајот на 2015 година во Париз.
„Протести и нереди низ цела Франција“, напиша Трамп на Твитер. „Демонстрантите на англиски скандираат `го сакаме Трамп`. Ја обожувам Франција“, напиша, меѓу другото, Трамп.
– Колку што знам, „жолтите елеци“ во последно време, во француските градови не скандираа на англиски јазик. Станува збор за снимка, направена пред повеќе месеци во Лондон, појасни францускиот министер.
Ново на Сител
-
Kабинетот на претседателката ќе побара објаснување од бугарската страна за превидот со знамето
-
Арачиновци сакале да изнудат 50.000 евра од наводен должник, па си заработија кривични
-
Падна снег во Босна и Херцеговина
-
Рељиќ на седмата позиција на Олимписката ранг листа
-
Меси по точно два месеца се враќа на теренот
-
УЕФА размислува да ги врати руските клубови на европските турнири
-
Се враќа воениот рок во Србија - Вучиќ потпиша согласност, Владата ќе носи одлука
-
Невреме во Романија: Заглавени лица во поплавените подрачја, има и загинати