Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
Демократијата не е во добра состојба, изјави денеска папата Франциск, повикувајќи ги политичарите да го избегнуваат популизмот и наместо тоа да работат заедно за да изградат посилни општества и да се справат со апатијата на гласачите, пренесоа британските медиуми.
Зборувајќи на годишната католичка конвенција за социјални работи во Трст, папата рече дека многумина се чувствуваат исклучени од демократијата.
-Можете да видите дека во денешниот свет демократијата не е во добрасостојба“, изјави тој.
Според него, здравата демократија мора да ги избегнува „примесите на идеологијата“ и да се одвои од партиските борби, потпирајќи се, наместо тоа, на дијалог за суштинските прашања.
-Да не се залажуваме со лесни решенија. Наместо тоа, дозволете ни да ја почувствуваме желбата да му помогнеме на општото добро, повика тој.
Според папата, важно е децата да се учат на важноста на демократските вредности, предупредувајќи дека „рамнодушноста е рак на демократијата“.
-Загрижен сум поради малиот број луѓе што ќе гласаат. Зошто се случува ова?, праша тој во говорот на католичката конвенција во Трст.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи