Папата Франциск изрази сочувство за настраданите во Скопско
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи соопшти дека папата Франциск преку државниот секретар кардинал Пјетро Паролин испрати телеграма до скопскиот бискуп Киро Стојанов, со која изразува сочувство до настраданите во временската непогода, која пред неколку дена се случи во Скопје и во околните населени места.
Во телеграмата се вели дека неговата светост испраќа свој апостолски благослов, искажувајќи ја својата духовна блискост за сите оние кои ги изгубиле своите животи и се моли за оние кои пострадале од последиците на невремето.
- Информирани за драматичното невреме што го погоди градот и околните населени места, предизвикувајќи длабока бол на целата заедница во земјата, светиот отец папа моли да ги пренесете до тешко погодените семејства на починатите, неговите изрази на длабоко сочувство, искажувајќи ја својата духовна блискост до ожалостените. Неговата светост моли за сите оние кои ги загубија своите животи и додека повикува небесна утеха за оние кои пострадаа од последиците на невремето до сите испраќа свој апостолски благослов, стои во телеграмата.
Ново на Сител
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток
-
Во Русија лани биле протерани двојно повеќе мигранти