Панамските власти конфискуваа десетици дигитални фајлови од „Мосак Фонеска“
Панамските власти конфиксуваа десетици фајлови по 27-часовниот претрес во седиштето на адвокатската фирма „Мосак Фонеска“, која е во центарот на скандалот со истекувањето на т.н. Панамски документи.
Панамските власти не извршија апсења, изјавија официјални панамски претставници.
Во акцијата беа барани докази за незаконски активности на компанијата. Властите добиле пристап до сто виртуелни и неколку физички сервери, на кои фирмата ја чува својата документација.
Истекувањето на документите од панамската компанија предизвика гнев кај јавноста поради можноста која богатите и влијателни луѓе во светот ја имаат за да кријат пари и да избегнат плаќање даноци.
- До моментов не сме издале заповед за замрзнување на банкарски сметки. Досега немаме никакви уверливи елементи, кои ќе ни дозволат да донесеме некакво решение, изјави обвинителот, кој е задолжен за претресот Хавиер Карбало.
„Мосак Фонеска“, која е специјализирана за создавање офшор компании уверува дека не ги нарушила законите и оти сите нејзини операции се легални.
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами
-
Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел
-
10 години Брза Кујна | Никола Мишковски и Сања Савеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 075
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица
-
Театрите и Филхармонијата со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024
-
Расчистено убиство во обид во Скопје, поднесена кривична пријава против две лица