Палмира повторно под контрола на „Исламска држава"

Гувернерот на сириската провинција Хомс за државната телевизија изјави дека радикалната група „Исламска држава" го зазела древниот град Палмира и дека сириската армија се бори да ја врати контролата над градот.
Ова е првото официјално признание на сириските власти дека Палмира повторно е во рацете на џихадисти.
Гувернерот Талал Барази изјави за телевизијата „Ихбарија" дека армијата се повлекла од градот.
- Армијата ги користи сите средства за да спречи терористите да се задржат во Палмир", рече гувернерот.
Претходно денеска, Сирискиот центар за набљудување на човековите права (СЦНПЧ) соопшти дека ИД во целост ја вратила контролата над Палмира, која се наоѓа во источната провинција Хомс.
Според невладината организација во борбите биле убиени околу 120 лица од сириската војска на режимот и нивните сојузнички сили, како и десетици екстремисти, пренесе ДПА.
ИД го зазеде градот, аеродромот и древен дворец во периферијата на Палмира и покрај интензивните воздушни напади на сириската и руската борбена авијација, додаде СЦНПЧ.
ИД направи пробив, откако вчера, воздушните напади ги принудија џихадисти да ја напуштат Палмира, која ја презедоа накратко.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
