Палестинскиот исламски џихад објави видео од двајца заложници што ги држи во Газа

Палестинскиот исламски џихад денеска објави видео од двајца израелски заложници, 70-годишна жена и тинејџер, кои велат дека ги држат во Газа и дека се подготвени да ги ослободат „доколку се исполнат безбедносните услови“.
„Подготвени сме да ги ослободиме од хуманитарни причини кога ќе се исполнат безбедносните услови на теренот“, изјави портпаролот на воениот огранок на Исламски џихад, група која се бори заедно со Хамас против Израел во Појасот Газа.
Израелските медиуми ја објавија таа снимка.
Во видеото двајцата заложници велат дека сакаат брзо да бидат ослободени и да се вратат кај своите најблиски и го критикуваат начинот на кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се справува со кризата.
„Ова е психолошки тероризам од најлош вид“, рече портпаролот на израелската армија Ричард Хехт на прес-конференција.
Портпаролот на Исламски џихад тврди дека неговата група се борела заедно со Хамас во нападот на израелска територија на 7 октомври во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, според израелските власти.
Тогаш околу 240 заложници беа заробени и однесени како заложници во Појасот Газа. Военото крило на Хамас тврди дека држи околу 200 заложници.
Во израелските одмазднички напади врз Појасот Газа загинаа повеќе од 10.800 луѓе, главно цивили, од 7 октомври, според Министерството за здравство на Хамас.
Досега, четири жени беа ослободени од Хамас, а една беше ослободена во копнена израелска воена операција која започна на 27 октомври
Ново на Сител
-

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал
-

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоци, а за техничката влада сме согласни да се укине
-

МОН: Ја јакнеме инклузијата со влезот во Европската агенција за посебни потреби и инклузивно образование
-

Заврши лидерската средба
-

УЈП: „Мој ДДВ“ не се укинува, налозите за исплата во февруари се подготвуваат
-

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа
-

Трамп: Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес
-

Четириесет нови инспектори ќе бидат вклучени на терен за да се контролира кој не ги почитува законите
