Палестинците ја осудија изјавата на Помпео, Израелците ја поздравија

Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Набил Абу Рдене синоќа ја осуди изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео дека САД го омекнуваат ставот за изградба на израелските населби во окупираниот Западен Брег.
– Американската администрација го изгуби кредибилитетот да има каква било иднина во мировниот процес, рече тој, додавајќи дека тоа е нелегално според меѓународното право.
Од кабинетот на Нетанјаху, одлуката беше поздравена со коментар дека промената на политиката претставува „коригирање на историската грешка“ во врска со населбите.
– Оваа политика ја отсликува историската вистина дека еврејскиот народ не е странски колонист во Јудеја и Самарија (израелски имиња за Западниот Брег)“, се вели во соопштението.
Ривалот на Нетанјаху, Бени Ганц, исто така, ја поздрави најавата на Помпео, велејќи дека тоа покажува цврст став за Израел и посветеност на безбедноста и иднината на целиот Блискиот исток.
По вчерашната изјава на Помпео за омекнување на американскиот став за израелските населби, тој го отфрли правното мислење на Стејт департментот од 1978 година според кое изградбата на населби на окупираните територии не е во согласност со меѓународното право.
Според него, администрацијата на Трамп смета дека правните прашања за населбите се прашања на израелските судови.
– Тешката вистина е дека никогаш нема да има правно решение за конфликтот и оти аргументите за тоа кој е во право, а кој греши, како прашање од меѓународното право, нема да донесе мир, вели Помпео.
Правното мислење за населбите од 1978 година е познато како Ханселов Меморандум и се заснова делумно на Жeневската конвенција за забрана на населување цивили во окупираната територија.
Ново на Сител
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
