-->
-->
Палермо повторно без гол, се повреди Несторовски
-->
Илија Несторовски, капитенот на италијанскиот второлигаш Палермо и стандарден репрезентативец на Македонија, добил повреда на синоќешниот натпревар на неговиот тим против Читадела.
Најдобриот стрелец на Палаермо (13 гола на 27 натпревари) се повредил по половина час игра. Македонецот добил повреда на бутниот мускул, а од клубот нема информации за сериозноста на повредата.
Палермо кај Читадела одигра без голови и ја продолжи лошата серија поради што второто место на табелата му го препушти на Фросиноне. Палермо нема победа на последните четири натпревари, на кои, од можните 12, освои само три бода.
На шест кола до крајот на сезоната во Серија Б, Палермо е на третото место со 60 бода, колку што има и Парма. На првите две места што носат директен пласман во Серија А се наоѓаат Емполи со 73 и Фросиноне со 62 бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поништена акредитацијата за Универзитетот на Мерко
-
Костадиновски се сретна со Силвестри
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице