Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија
Пакистанските власти денеска ги прекинаа услугите на мобилната телефонија и интернетот „во области кои не се безбедни“ додека поддржувачите на поранешниот премиер Имран Кан се подготвуваат за демонстрации.
Оваа одлука Владата и МВР ја соопштија преку социјалната мрежа Икс, која инаку е забранета во Пакистан. Тие не ги прецизираа областите, ниту пак кажаа до кога ќе биде прекинот на услугите.
„Интернет и мобилните услуги ќе продолжат да работат без прекин во останатиот дел од државата“, се наведува во тие најави.
Во меѓувреме, телефонската компанија Naiatel им нуди на клиентите „сигурна фиксна услуга“ како решение во областите каде што услугата за мобилни телефони е суспендирана.
Поранешниот премиер Кан е во затвор повеќе од една година и против него се водат околу 150 кривични постапки.
Но, тој останува популарен и неговата политичка партија, Техрек е Инсаф, наведува дека обвиненијата против него се политички мотивирани.
Пакистан веќе го затвори главниот град Исламабад со бродски контејнери, како и главните патишта и автопати кои го поврзуваат градот со упориштето на партијата на Кан во провинциите Пенџаб и Хајбер Пахтунхва.
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност