Пациент во Америка заразен со птичји грип без претходен контакт со болни животни
Едно лице во американската сојузна држава Мисури е заразено со птичји грип Х5, без претходно да биде во контакт со заразено животно, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Се истакнува дека тоа е прв ваков случај во САД.
– Ова е 14-ти случај на Х5 кај луѓе пријавен во САД во текот на 2024 година и прв случај на Х5 без позната изложеност на болни или заразени животни, се вели во соопштението на ЦДЦ.
Тоа е, исто така, е првиот случај на Х5 откриен преку националниот систем за надзор на грип во земјата, а не преку насочен надзор на тековната епидемија на птичји грип кај животните.
Болниот имал здравствени проблеми и бил хоспитализиран на 22 август.
Пациентот бил позитивен на инфлуенца А и бил лекуван со антивирусни лекови против грип и продолжува да закрепнува дома, се вели во соопштението на здравствените служби во Мисури.
Случајот е под истрага на Министерството за здравство и човечки услуги во Мисури, а ЦДЦ проценува дека ризикот од инфекција со Х5Н1 кај пошироката јавност останува низок.
Ново на Сител
-
Наполи сака да го ангажира Де Брујне
-
Навики што создаваат јаз во врската
-
Русија на парадата на Црвениот плоштад ги претстави дроновите што ги употребува во војната во Украина
-
Поддршка за измените на Законот за надворешни работи, во второ читање, од матичната собраниска комисија
-
Малолетник од Тетово добил труење од алкохол во Струга
-
Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење
-
Европскиот Парламент ќе дискутира за железничката несреќа кај Темпи на иницијатива на европската левица
-
Joванов: Виновен сум, никогаш не сум можел ниту да помислам за вакво нешто