Овоштарите утре на протест
Овоштарите од Преспа утре ќе протестираат на патот Битола – Ресен затоа што не им се исплатени пари од штетите за 3 години, од 2016 до 2018 година. Иако им било ветено дека ќе им бидат исплатени после ребалансот на буџетот, но тоа не се случило.
- Неисплатени штети од 2016, дел од 2017 и 2018 година, тие штети се 6 годни неисплатени, а беше ветено после ребалансот во јули да бидат исплатени. Тоа не се случи, и покрај нашите напори и состаноци во министерството за земјоделие, оттаму не упатија до министерството за финансии од каде чекаат финансии за да ги исплатат штетите, вели Љибе Пампулевски, претседател на здружението на овоштари „Благој Котларовски“ од Ресен.
Велат дека се одлучиле на овој чекор бидејќи се наоѓаат во безизлезна финансиска ситуација.
-Задолжени со кредити по земјоделските аптеки, секојдневно на врата чукаат извршители за неплатени сметки, сето тоа се напластува. Треба да се исплатат 4,5 милиони евра, а нема жител во Преспа кој не е засегнат, вели Пампулевски.
Пампулевски вели дека безмалку секоја година имале штети на овошните насади. Минатата година од невреме со град била зафатена скоро половина Преспа, а годинава има штета на околу 500 хектари насади со јаболка.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар