Овој насмеан дебелко е полковник во руската војска и најобучен војник на планетава: Неговата вештина остава без здив

Рускиот систем, односно система, како што го нарекуваат Русите, иако е стара вештина, добро е решение за предизвиците кои ги наметнува модерниот начин на живот. Со своите специфичности донесува низа предности во однос на повеќето боречки вештини, зошто меѓу другото, нуди специјализирани вежби на сила комбинирани со движења и дишење со различна брзина.
Самите вежби се дизајнирани да ја корегираат положбата на телото и да развијат голема издржливост, а освен тоа служат и да се откријат и отстранат негативните емоции.

Во рускиот систем нема удари, шутирања или фрлања кои трајно ги оштетуваат зглобовите (на оној кој ги изведува). Суштинската разлика во однос на останатите слични активности е методолошка - системата тргнува од мирот, а не од агресијата и жеклбата да се уништи противникот. Се вежба како ударите да се апсорбираат, пренасочат и избегнат, но не и да се блокира на крут начин.
Таа борбена техника тежнее да го научи човекот низа основни идеи и принципи кои ќе му овозможат да импровизира и да најде спонтани решенија во борбите.

Система има уште уникатни пракси, како масажи, техника на релаксација, дозирани притисоци на внатрешните органи (утробата) кои посетителите на курсот ги учат под надзор на инструктор и учат како да ги применат врз своите партнери и врз себе.
Иако во најголема мера ја тренираат мажи, таа боречка вештина може да ја тренираат и деца, според модификувана програма, но и припаднички на нежниот пол.
Кој е полковник Михаил Рјабко
Тој е полковник на Единицата за специјални операции на руската војска, директор и главен инструктор на Система штабот во Москва.
Почнал со тренинзи од својата петта година, а од својата петнаесетта почнал да се занимава со боречки вештини.
Она што е интересно е дека прв учител му бил еден од личните телохранители на некогашниот водач на СССР Јосиф Сталин.
Работел во Министерството за внатрешни работи на Руската федерација тренирајќи го личното обезбедување на министрите. Бил и командант на тактичката единица за спасување на заложници, противтерористички операции, и неутрализација на вооружени терористи. Михаил живее во Москва, има чин на полковник и бил помошник на главниот обвинител на Руската федерација.
Рјабко е ветеран кој бил во бројни воени акции и исто така е горд носител на бројни одликувања и награди кои ги добил од Руската православна црква.
И денес продолжува со тренирање на нови ученици ккако еден од главните мајстори на Система во светот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
