Балкан
30. September 2018 - 14:31

Ова е питбулот на Тачи: Студена насмевка и прст на орозот, еве како го чува

Најнова провокација во низата на Хашим Тачи било вчерашното перчење низ Газивода, пишуваат српските медиуми.

Дојде, се прошета, се повози со глисер и ушто побрзо со полн гас и со целосно обезбедување се врати назад - од добро вооруженото лично обезбедување до специјалците од РОСУ со долги цевки.

А покрај него само препознатливи лица...

.. но и некои нови со студена насмевка и прст на орозот...

 
Инаку, косовските специјалци од РОСУ изведоа вчера насилен упад на вештачкото езеро и хидроцентрала Газивода, упаднале во комплексот, зазеле дел од него и противправо уапсиле и врзале Срби кои потоа ги држеле во подрумот.