Отворени денови на Агенцијата за вработување во Дебар
Низата владини мерки и поволности се добредојдени за невработените, но и работодвачите во Дебар и благодарение на нив невработеноста е намалена за над 40 отсто.
Ова е заедичката оценка искажана денеска на отворените денови со Агенцијата за вработување во Дебар, на кои присуствуваше и директорот на оваа институција Влатко Поповски. Воедно се одржа и форум со работодавачи и средба со млади до 29 годинишна возраст.
- Низата поволни мерки кои се реализираат, а за кои постои голем интерес во општините Дебар и Центар Жупа, иако мали и со недоволно развиена економија остварени се над 400 вработувања. Тоа е многу значајна бројка што директно влијае и врз стопирањето на миграцијата во ова подрачје, рече меѓу другото Афет Авмедоски, раководител на дебарскиот Центар за вработување, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа.
Тој посебно го нагласи проекто „Мкедонија вработува“ преку кого само за шест месеци се остварени над 150 бвработувања, а до крајот на годината се очекува тој борј да се зголеми за уште најмалку дваесет. Преку проектот самовработување со неповратен грант, додаде Авмедоски, реализирани се над 230 директни вработувања.
- Од почетокот на следната година 60 отсто од услугите на Агенцијата за вработување, граѓаните ќе можат да ги добиваат преку електронскиот систем. За таа цел ќе се надградува системот на АВРМ преку кој ќе може електронски да се аплицира по одредени активни мерки за вработување, истакна директорот Поповски.
Врз основа на низата поволни владини мерки на целата држава видно е зголемен бројот на нововработени, оцени Поповски, нагласувајќи дека само со проектот „Македонија вработува“ кој почна да се спроведува кон крајот на април годинава, остверни се над 9.600 вработувања.
На средбите со невработените лица и работодавачи Поповски одговараше и на низа прашања околу мерките кои се спроведуваат со оперативниот план на Владата.
Ново на Сител
-
Кисела Вода донира еден милион денари за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Ќе се утвдува дали имало пропуст во лекувањето на кумановецот кој почина вчера по алергиска реакција од аналгетик
-
Криеле 1,5 килограми амфетамин под хауба на „голф“, уапсени две лица од Скопје | ФОТО
-
Бура од прашина во Ново Мексико, отежнато патувањето по автопатиштата
-
Вучевиќ: Испратено е барање до ФБИ и до ФСБ за истрага за употреба на звучен топ на протестот во саботата
-
ДПА: ЕУ денеска го објавува планот за спротивставување на Русија
-
Шорц со дабл-дабл ефект му донесе победа на Париз над Милан
-
Мората: Одлуката да го напуштам Атлетико беше погрешна