Отворена стечајна постапка за ,,Еуроникел"
Стечајна постапка е отворена за ,,Еуроникел индустри" денеска во Основен суд Кавадарци. За стечаен управник е назначен Ацо Петров од Скопје. Со судското рочиште раководеше стечајниот судија Елизабета Петковска.
Ова беше одлучено на денешното рочиште на кое се испитуваше постоењето на услови за отварање на стечајна постапка, на кое присуствуваше МИА.
Стечајниот предмет беше поведен по предлог на тројца доверители. Една прилепска компанија, јавно претпријатие од Кавадарци, како и вработени во фабриката. Претставниците на доверителите, рекоа дека сметаат оти покрај обврските, должникот чија сметка била блокирана повеќе од 45 дена и законски има услови за стечај, има и имот од кој би можела да се формира стечајна маса и да се намират доверителите преку сразмерен процент.
На рочиштето беше презентиран извештајот од досегашната привремена стечајна управничка, Љубица Зајкоска од Прилеп, за економско - финансиска состојба на должникот и преземените мерки за обезбедување на имотот. Биле анализирани податоци за последните пет години, земени податоци од различни субјекти.
- Анализата за 2019, 2020, 2021 и 2022 година, покажува дека должникот цело време бил во добивка, но последната година, таа била 26 пати помала од 2019 година. Анализата за 2022 година покажува дека вкупни побарувања има над пет милијарди денари, или 5.748.924.154. денари, а обврски, близу пет милијарди, или 4.823.845.233 денари. Според имотен лист, компанијата нема недвижен имот. Има возила, залихи роба во готови производи никел, резервни делови и ситен инвентар, канцелариска опрема и залихи и авто делови во централен магацин, појасни Зајкоска, нагласувајќи дека 670 вработени побаруваат по четири плати во вкупен износ од 133.823.193 денари.
Таа додаде дека книговодствено, компанијата има побарувања и од домашни и странски субјекти и од државни институции, но нивната веродостојност ќе се испита во отворената стечајна постапка.
Ново на Сител
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција
-
Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години