-->
-->
Отворена изложбата „Балканот-споделено културно наследство“
-->

Изложбата „Балканот-споделено културно наследство“ синоќа беше отворена во МАНУ. Автор на изложбата е познатиот бугарски фотограф Иво Хаџимишев.
На изложбата е претставено богатото културно–историско наследство на Балканот. Фотографиите ги претставуваат знаменитостите, археолошки објекти и предмети од уметноста од 11 балкански држави - Бугарија, Албанија, Романија, Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Турција, Грција, Црна Гора, Словенија. Текстовите на делот „Античност“ се на професорот Иван Маразов.
Скопје е втор главен град во светот домаќин на изложбата, по Париз-УНЕСКО. Таму изложбата беше отворена во март 2015 година од генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова. По Скопје, изложбата ќе патува за Санкт Петербург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
