Отворен ден на Управата за имотно-правни работи во општина Маврово и Ростуше
Граѓаните на општина Маврово и Ростуше денеска имаа можност да се информираат и да добијат одговори за нивните прашања околу имотно-правните проблеми. На средбите со граѓаните во просториите на советот на општината присуствуваше и Зоран Крстаноски, директор на управата за имотно-правни работи кој директно одговараше на прашањата и даваше објаснувања.
- Оваа работна посета се покажа како исклучително корисна од аспект на заинтересираноста и бројот на граѓаните со кои контактиравме Со оглед дека Управата во оваа општина нема одделение за имотно-правни работи, на овој начин се трудиме да помогнеме во решавањето на проблемите врзани со имотно-правните работи. Ние од претходно имавме увид дека одреден процент од предметите кои се во надлежност на гостиварското одделение стојат не решени и одлучивме да помогнеме забрзувањето на постапките и во побрзото решавање. Очекувам оваа работна посета да помогне во решавањето на голем број предмети, рече Крстановски.
Тој нагласи дека најголем интерес има за прашањата околу постапката за приватизација на дворно земјиште и за уписите кои произлегоа со системското запишување на недвижностите и начините за докомплетирање на докумените во предметите за кои граѓаните очекуваат решенија.
Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Мукрем Мехмеди искажа задоволство од средбата, за која како што рече, е повеќе од добредојдена.
- Нашата локална самоуправа според територија е една од најголемите и тука граѓаните имаат имоти за кои не се регулирани имотните односи. Оваа средба ќе им олесни на многу наши сограѓани во решавањето на нивните проблеми без да патуваат до Гостивар и подалеку, изјави Мукрем Мехмеди градоначалник на општина Маврово и Ростуше
Директорот на Управата за имотно-правни работи, по средбите во Ростуше, попладнево ќе има средба и со жителите на селото Присојница, а за утре ја најави и постетата на општина Вевчани.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот