Македонија
7. October 2022 - 8:19

Отворање нов Центар за ментално здравје во рамки на Општата болница во Кочани

 Министерот за здравство Беким Сали и специјалниот претставник и раководител на канцеларијата на СЗО во Скопје, Ане Јоханесен, денеска ќе го отворат новиот Центар за ментално здравје во рамки на Општата болница со проширена дејност Кочани.

Настанот, како што информираат од Министерството за здравство, се организира во пресрет на одбележувањето на 10 октомври – Светскиот ден посветен на менталното здравје, кој годинава се одбележува под мотото „Да го направиме менталното здравје глобален приоритет за сите“