Македонија
15. May 2018 - 8:23

Отворање на 19. Литературна манифестација „Илинден 2018“

Во домот на култура „Илинден“ во општина Илинден вечер ќе биде отворена 19. Литературна манифестација „Илинден 2018“. 

На отворањето ќе биде промовирана книгата „Триптих за Македонија“ од Раде Силјан, а ќе ја претстави писателот Ефтим Клетников. Во музичкиот дел од отворањето ќе настапат Марјан Јанкоски и „Портал“.

Манифестацијата ќе трае до 19 мај и ќе опфати повеќе културни настани - промоции на книги, портрети и средби со писатели, изложба, како и традиционалното Литературно матине на кое ќе настапат повеќе писатели за деца и млади.

Централен настан годинава ќе биде поетскиот митинг „Стихови за душата“ на 18 мај, со учество на триесетина писатели од Македонија и странство.