Македонија
14. July 2018 - 8:27

Отворање Центри за упатување жртви на сексуално насилство

Центри за упатување жртви на сексуално насилство денеска ќе бидат отворени во Општата болница Куманово. Нивното отворање е поддржано од Владата, Обединетите нации (агенциите УНДП и УНФПА) и здружението на граѓани „ХЕРА“.

Најавени се обраќања на постојанaта координаторка на Обединетите нации Луиза Винтон, министрите за здравство, за труд и социјална политика и за внатрешни работи Венко Филипче, Мила Царовска и Оливер Спасовски, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и директорката на Општа болница Куманово Снежана Захариева. 

Вакви центри се отвораат и во Клиничката болница Тетово и во Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство-Скопје. 

Центрите за упатување на жртви на сексуално насилство се отвораат по ратификација на Истанбулската конвенција и се стандардни и предвидени во самата конвенција.