Отсуството на сведокот Верушевски го одложи „Таргет-Тврдина“
Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“ се одложува за 23 септември поради отсуство на сведок предложен од СЈО.
Судијката Џенета Бегтовиќ на почетокот на денешното рочиште информира дека сведокот Зоран Верушевски, не е присутен, наспроти напорите на судот да го извести на адресата на живеење и на работното место во Влада.
Предметот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беше сослушан сведок вработен во УБК, предложен о СЈО.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка