Отсуство на обвинет го одложи „Насилство во Центар“ за 29 октомври
Поради отсуство на обвинетиот Александар Брајковски судењето за предметот на СЈО „Насилство во Центар“ е одложен за 29 октомври.
Обвинетиот до судот доставил поднесок со кој ги известува дека во тој период имал закажано седница на општина Гази Баба, во кој тој е советник.
На ова реагираше обвинителката Фатиме Фетаи која кажа дека причините за отсуство на Александар не се оправдани и се со цел да се одоговлечи судењето. Таа предложи судијата да нареди присилно приведување и тоа веднаш.
Адвокатот Боро Тасевски, пак, барањето на СЈО е неосновано бидејќи се работи за седница на чиј дневен ред се 12 точки што треба да ги гласаат советниците посебно, бидеји во Советот на општина Гази Баба соодносот на политичкитер сили е таков што само со еден глас може да се донесе или укине некоја одлука.
Специјалната обвинителка Фетаи рече дека судијата треба да пресече што е поважно, седницата на Советот на општината или судењето што се води во моментов.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови