Откриени десет илегални мигранти од Пакистан, возачот се дал во бегство
При вршење мотопатролна дејност на автопатот А1, од клучка Миладиновци кон Куманово, полицијата вчеравечер открила десет илегални мигранти од Пакистан во возило со скопски регистарски ознаки, но возачот се дал во бегство.
– На 26 февруари околу 20 часот при вршење мотопатролна дејност на автопатот А1, од клучка Миладиновци кон Куманово, од страна на полициски службеници бил даден знак да застане на патничко моторно возило „ауди а8“ со скопски регистарски ознаки, но возачот не го запрел возилото туку се дало во бегство кон Куманово. Потоа возачот го оставил возилото кај мостот на влез за село Романовце и се дал во бегство. При извршениот преглед на возилото пронајдени биле 10 илегални мигранти од Пакистан, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ само бараат причина за дестабилизација
-
За еден ден три лица каснати од кучиња скитници во Скопје
-
Загина велосипедист во Гостивар
-
СДСМ: Шефот во ЈПДП не плаќа патарини
-
Кој колку должи – УЈП ја објави најновата листа на должници
-
Купувањето преку интернет е сигурно, но не преку социјалните мрежи
-
Бектеши: Укинувањето на балансерот води кон дестабилизација
-
Сиљановска Давкова изрази сочувство по повод смртта на Алекс Салмонд