Откриени 5 автобуси и 4 комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација
На 05. и 06.02.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, била извршена контрола на четири патнички возила – комбиња и пет автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници.
При контрола на возилата „мерцедес спринтер“, управувано од В.Т.(25) од Струмица, „мерцедес спринтер“, управувано од В.Н.(24) од Струмица, „цитроен“, управувано од С.С.(36) од Струмица и „мерцедес спринтер“, управувано од Г.Г.(32) од Струмица, сите со струмички регистарски ознаки, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Исто така, при контрола во автобус со тетовски регистарски ознаки управуван од Г.К.(42) од с.Требош, автобус со струшки регистарски ознаки, управуван од Д.Р.(57) од с.Ливада, струшко, во автобус со кочански регистарски ознаки, управуван од Ф.О.(43) од Струмица и Д.В.(39) од с.Трсино, виничко, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.С.(55) од Тетово и С.А.(48) од Тетово и автобус со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Н.З(28) од Гостивар било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски