Отчет на градоначалникот на Куманово за првите 100 дена од мандатот
Општина Куманово има 17,5 милиони евра обврски, а до 26 јануари успеала да врати 1,5 милиони евра. Најмногу должат јавните претпријатија, општината, а потоа и училиштата. Ова на денешната прес-конференција го соопшти градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.
Во првите 100 дена реализирани се 17 инфраструктурни проекти, асфалтирања и реконструкција на улици, тротари, поставена е нова и реконструирана водоводната, атмосферска мрежа на повеќе улици во градот. Изработено е идејно решение за регулирање на сообраќајот на влезовите од општината. Во идниот период со УНИЦЕФ ќе се изгради Центар за ран детски развој во Черекзи, а со средства од ЕУ, обезбедени од меѓугранична соработка, ќе се реконструира Зелениот пазар.
Тој потсети дека презеле повеќе мерки за намалување на аерозагадувањето: засадени се 1.285 садници на фреквентни сообраќајници, а ќе продолжи проектот аеросолизација со кој, како што рече, се намалува загадувањето на одредени места од 20 до 77 отсто. Исчиситени се коритата на Којнарка и Кумановка и дивите депонии на повеќе локации. Со акцијата „Посади живот за нов живот“ планирано е да се засадат 1.200 садници.
Во рамки на отворените денови, Димитриевски остварил средби со 1.000 граѓани. Обезбедни се субвенции од 150 евра за домаќинствата кои сакаат да се приклучат на гасификациската мрежа, а ќе се понуди и гасификација на државни, јавни и општински институции, меѓу кои и на болницата. За изградба на три монатажни катни гаражи во поширокото централно градско подрачје општината издвоила пет милиони денари.
- Во тек е јавна набавка за изработка на техничка документација за решавање на кружните текови. Во 2018 планирана е реконструкција на „11 Октомври“ со што и влезот на градот ќе биде решен со кружен тек, рече Димитриевски.
Тој истакна дека повеле постапка за обезбедување потребна урбанистичка документација, доцртување објек за нова градинка на улицата „Бајрам Шабани“ која ќе има капцитет за 200 деца. Ќе се работи и на нова сообраќајна студија, која ќе покаже кои се недостатоците и ќе понуди решенија за надминување.
Ново на Сител
-
Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано
-
Најмногу дожд во Охрид, Битола и Кавадарци
-
Рим со засилени безбедносни мерки за инаугурацијата на папата Лав Четиринаесетти
-
Тркалезна маса „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“
-
Песков: Поддржуваме прекин на огнот, но со внимание на нијансите
-
Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва
-
Го купил пиштолот за 1.100 евра, отишол да се смират но по 15 мин го убил, детали за убиството во Штип
-
Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Киев: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот