Осветлување и тротоари за патниот правец кон кочанските села Подлог и Мојанци
Општина Кочани го почна проектот за реконструкција и осветлување на патниот правец кон селата Горни и Долни Подлог и Мојанци, за што ќе се инвестираат над 20 милиони денари.
Градежните работи се изведуваат на делница долга 3,5 километри, од крстосницата на магистралниот пат А3 до влезот на Мојанци, при што досегашниот коловоз од постојните три се проширува на 4,5 метри, а се гради и тротоар со ширина од 1,5 метар. По целата должина се поставуваат и столбови за јавно осветлување, а се изведуваат и пропусти за одвод на атмсферската вода.
-Со реконструкцијата на овој фреквентен патен правец значително ќе се подобри безбедноста и за пешаците и за останатите учесници во сообраќајот, а околу 1.500 жители од трите села ќе добијат современ урбанизиран пристап. Целта е да обезбедиме и подобра сообраќајна инфраструктура за натамошен економски развој, со оглед што во овие населени места веќе постојат неколку стопански субјекти. Со унапредувањето на сообраќајното поврзување сакаме да создадеме урбани услови живот на овдешните граѓани и нивно задржување во местото на живењее, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
За реконструкцијата и oсветлувањето на патниот правец се користи грант што го додели Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) како дел од проектот за веќе изградената регионална пречистителна станица за отпадни води лоцирана во близина на селото Мојанци.
Според потпишаниот договор со изведувачот „Стоименов“, градежните работи за проширување и асфалтирање на коловозот, заедно со поставувањето на столбовите за јавно осветлување, треба да завршат до крајот на годината.
Ново на Сител
-
Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба, денеска протест поради трагедијата
-
Вучиќ предлага референдум: Нема да останам претседател ако ја немам поддршката од народот
-
Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот