Македонија
3. October 2019 - 18:07

Осумгодишно дете претепано од 11-годишно во Прилеп, таткото пријави во полиција

Синоќа во 22,00 часот во Полициската станица Прилеп, Б.Ф.(39) од Прилеп пријавил дека околу 16.00 часот на ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп, по претходна вербална расправија, 11-годишен малолетник физички го нападнал неговиот осумгодишен син, нанесувајќи му повреда.

По ова, истото било пренесено во болницата во Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.