-->
-->
Осум автобуски линии ќе возат по друга траса од вообичаената во Бутел
-->
Поради асфалтирање на коловозот на дел од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, од денеска автобуските линии 8, 47, 57, 57А, 59, 61, 47А и 71 ќе возат по друга траса од вообичаената, информираат од ЈСП.
Возилата од булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе вртат лево по улица „Ферид Бајрам“, потоа десно по улица „Кемал Сејфула“, а оттаму секој по својата утврдена траса.
Се очекува времениот режим на сообраќање да трае седум дена, се наведува во соопштението од ЈСП.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата