-->
-->
Осуденик од Идризово: Дрогата е мојата приказна, таа ме донесе тука да гледам решетки наместо сонце
-->
Уште 1.063 осудени лица им прават друштво на доживотните осуденици во најголемиот затвор во Македонија – Идризово. Од нив се разликуваат по тоа што имаат право на слободен викенд, и во нивните пресуди наместо казна доживотен затвор стои број. Во машкиот дел од затворот во Идризово највисоката казна изнесува 40 години, а најниската е 6 месеци, пишува Мкд.мк.
На двата и повеќе од половина од третиот, освен оној дел во кој се сместени доживотните осуденици, во Идризово има и мажи осудени за кражби, тешки кражби, насилство, разбојништва, трговија со луѓе, силување… Низ лавиринтот во затворот од сите страни на скалите кои се точно во средината има жица и затворски решетки. Каде и да погледнете сликата е таа. Затворот во Идризово со години во извештаите на народниот правобранител го следат критики за лошите услови, за пренатрупаноста, за непочитување на човечкото достоинство.
– Овде сум за нелегална трговија со дрога. Осуден сум за неколку грама марихуана. За тие мали грамови добив 7 и пол години затвор. Барем да носев големо количество и да заработев, да имав некаква корист. А јас што, ем без пари, без семејството и без слобода на крај. Дрогата ме донесе во затвор и поради неа изгубив се, изјавил еден од осудениците во Идризово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила