Остин: САД ќе направат се што е потребно за да ги заштитат своите војници
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вети дека САД ќе ги „преземат сите неопходни мерки“ за да ги заштитат своите војници.
Тој го изјави ова во коментар за вчерашниот напад со беспилотни летала на проирански групи против американски воен персонал во Јордан, во кој загинаа тројца воени лица од Вашингтон, а десетици беа ранети.
-Дозволете ми прво да го изразам мојот бес и тага поради смртта на тројца храбри американски војници во Јордан и повредите на другите војници.
Претседателот и јас нема да толерираме такви напади врз американските сили и ќе ги преземеме сите неопходни мерки за да ја заштитиме нашата земја и нашата војска, рече Остин во Пентагон.
Остин го објави ова на неговиот прв ден во Пентагон по неговата ненадејна хоспитализација на 1 јануари поврзана со компликации од лекувањето на рак на простата, потсетува агенцијата.
Откако бил примен во болница, тој ги извршувал своите должности од далечина од Националниот воено медицински центар Волтер Рид во Мериленд.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно