Османи: За нас сонцето и натаму ќе изгрева на Запад
На пат за Луксембург и Брисел очи во очи со историјата пред конечната одлука, напиша на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој рано утрово отпатува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори со претставници на Европската Унија во очи Министерскиот состанок за општи работи (ГАК), каде на дневен ред ќе се најде одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.
– Независно дали одлуката ќе биде денес или утре, дали ќе биде ДА или НЕ, за нас сонцето и натаму ќе изгрева на Запад, напиша Османи на Фејсбук.
По синоќешниот амбасадорски состанок во Луксембург, нема напредок во позициите на земјите-членки на ЕУ за отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија. Со тоа одлуката се префрлува за денеска на Советот за општи работи на ниво на шефови на дипломатии што се одржува во Луксембург.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола