Османи утре во Брисел на состанок на ССА
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија Бујар Османи утре во Брисел ќе учествува на тринаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА), со кој ќе претседава министерот за надворешни работи Никола Димитров, а ко-претседавач ќе биде високата претставничка и потпретседателка на Европската комисија, Фредерика Могерини.
На состанокот, како претставник на Европската комисија, ќе присуствува и комесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.
Вицепремиерот Османи на состанокот се очекува да го образложи Планот 3-6-9, неговата содржина, имплементација и очекуваните ефекти, како и да ги повтори заложбите на Република Македонија за затворање на сите отворени политички прашања и отстранување на сите пречки за реактивирање на евроинтегративните процеси. Ќе биде побарана и конкретна поддршка за реформите, како и поддршка за обезбедување конкретни чекори од страна на Европската унија кои појасно би ја рефлектирале визибилноста на европската перспектива на Македонија.
Ново на Сител
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња