Османи оствари средба со својот естонски колега Реинсалy
На маргините на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со својот колега од Република Естонија, Урмас Реинсалy.
– Во светло на промените во европската безбедност и севкупните последици предизвикани од руската агресија врз Украина, соговорниците разменија мислења за продлабочување на сојузништвото во рамките на НАТО и зајакнувањето на Источното крило на Алијансата, соопшти МНР.
Воедно, министерот Османи кратко го брифирал својот хомолог за отпочнатите преговори со Европската Унија и идните чекори, апострофирајќи ја високата подготвеност на земјата за успешен и брз преговарачки процес.
-На средбата беше изразено задоволство од динамизираниот тренд на билатералните односи меѓу двете земји и беа реафирмирани заложбите во претстојниот период да продолжи развојот на соработката во сите сфери од заеднички интерес. Министерот Османи ја подвлече важноста и потребата за користење на естонското искуство, особено во сферата на дигитализација за нашето општество, се наведува во соопштението од МНР.
Ново на Сител
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП