Османи: ДУИ е за избори во редовен термин, небитно дали заедно или одвоено
Изборите ќе бидат во редовен термин, а дали ќе бидат заедно или одвоени за тоа ќе треба да се договорат политичките партии, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи кој е потпретседател на ДУИ.
-Ставот на ДУИ е дека изборите треба да се одржат во редовниот термин. Дали ќе бидат заедно, или не тоа треба дополнително во консултации со политичките партии да се договориме. Нас ни одговара која било варијанта, рече Османи на новинарско прашање на денешниот брифинг во МНР.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара лидерска средба за договор за датумот на изборите и го повика претседателот на Собранието да ја свика. Тие се загалаат запредвремени парламентарни избори и сметаат дека тие треба да се одржат заедно со претседателските избори.
Премиерот Димитар Ковачевски порача дека изборите ќе бидат во својот редовен термин, и оти тоа е апсолвирано прашање. За предвремени парламентарни избори, вели, тие би можеле да се закажат истиот ден штом Собранието ги изгласа уставните измени, одлука која е клучна за продолжување на евроинтеграциите.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз