Османи: Централното претседателство на ДУИ денеска ќе одлучува за следните чекори

Централното претседателство на Демократската унија за интеграции, денеска ќе одржи состанок на којшто ќе одлучува за следните чекори, информираше за МИА потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, откако вчера ја започнаа иницијативата „Стража на јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд до одржување на седницата за Законот за употреба на јазиците.
- До 11 декември сигурно остануваме, а за понатаму дополнително ќе се решава. Денеска има состанок на Централното претседателство, има и координација на лидерите од Европскиот фронт каде што ќе се одлучува за следните чекори, рече Османи.
Како што посочи Османи, повикот за „Стража на јазикот“ значи одбрана на мултиетничка Северна Македонија, бидејќи, како што рече, ова не е само кауза на Албанците.
— Повикот за одбрана на јазикот е до сите, меѓутоа не само на јазикот, туку ова е повик за стража на мултиетничка, демократска и европска Северна Македонија, така што ова не е само кауза на Албанците, овде очекувам секој човек од добра волја, којшто смета дека требаше досега да ги надминеме прашањата кои што се однесуваат на основните права на етничките заедници и да градиме држава и општество кое што цели кон Европската унија, но, за жал, ретроградни сили се обидуваат да не вратат назад, предизвикувајќи го најсветото за граѓаните, рече Османи.
Според него, Уставниот суд извршува наредби од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која, како што рече, во партиската програма има забрана за етничка припадност.
– Жал ми е што како земја кандидат за членство во Европската унија имаме Уставен суд којшто нарачува партиска програма, знаете дека одлуката да се забрани етничката припадност е пишано во програмата на ВМРО-ДПМНЕ и се реализира со наредба на партијата преку Уставен суд, рече Османи.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
