Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови каде ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 10 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре претпладне во источните делови се уште ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и дожд и снег на повисоките места и на планините. Попладне времето ќе се стабилизира, а во среда кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
МИА
Ново на Сител
-

Поплавени земјоделски површини и дворови во селата Муртино и Сачево, состојбата со водотеците во струмичко се стабилизира
-

Честитка од Мицкоски за Свети Сава: Пораките на овој голем светител нека придонесат за заемна почит, дијалог, мир и стабилност
-

Сиљановска-Давкова: Пораката на Свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било
-

Пронајдена дрога во Скопје, лишени од слобода две лица | ФОТО
-

Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено на Попова Шапка
-

Камионските превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини
-

Франција забрани социјални медиуми за лица под 15 години
-

Мицкоски на увид на инфраструктурни проекти во Општина Гази Баба
