-->
-->
Осломејското Езеро неискористена кичевска природна убавина
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/july/njefnjergreg-184740.jpg?itok=w5hlbQMC)
Оваа акумулација со околу 30.000 квадратни метри површина, сѐ уште претставува недоволно истражена водна акумулација во која виреат повеќе видови слатководни риби: клен, крап, карас и други.
Иако езерото засега не е порибено сепак во повеќе наврати се случуваше да бидат уловени и поголеми примероци крап или клен.
- Осломејско Езеро сѐ повеќе излегува од анонимноста кај риболовците од регионот, па и пошироко. Некои бизнисмени имаат подготвено и проекти за негов позабрзан развој и создавање услови за престој и рибарење во текот на целата година, но засега од добро познати причини изостануваат инвестиции во неговото окружување и покрај тоа што ги има сите претпоставки за забрзан развој – од близината на градот Кичево, само пет километри, лесна достапност од сите патишта, до стабилен водостој во текот на целата година. Со неговиот развој тука би се вработиле повеќе луѓе и би се впишал во туристичката мапа на Македонија. Оваа акумулација е вредна, само треба да се испланира нејзиниот долгорочен развој и потрошените средства многу брзо да се вратат, вели Бесмир Елези, спортски риболовец и вљубенк во природата во кичевскиот регион.
Езерото на некои места е длабоко до 15 метри, неговите води се секогаш бистри, а водостојот е константен независно од годишното време.
Повеќемина рибари што го посетуваат езерото често практикуваат ситниот улов од други реки да го пуштат во оваа акумулација и како резултат на овој начин на порибување езерото е сѐ побогато со риба
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години