Ослободена Италијанката киднапирана пред две години во Кенија

Силвија Романо, Италијанката која беше киднапирана во Кенија пред 18 месеци, е ослободена и се очекува денеска да се врати во Италија, соопшти италијанската Влада.
– Силвија Романо е ослободена. Им благодарам на мажите и жените од странската разузнавачка служба. Силвија, ве чекаме во Италија, напиша премиерот Џузепе Конте на својот профил на Твитер.
Министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо изјави за државната телевизија дека Романо е пронајдена во Сомалија и ослободена благодарение на странската разузнавачка агенција. Тој додаде дека таа ќе пристигне во Рим со специјален лет.
Романо во ноември 2018 година беше киднапирана во северна Кенија од вооружени напаѓачи додека работеше за италијанска добротворна организација, наречена Африка Милела. Ниту една група не ја презеде одговорноста за киднапирањето.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
