Ослободен товарниот брод кој го блокираше Суецкиот Канал
Гигантскиот товарен брод „Ever Given“, кој од минатиот вторник го блокираше Суецкиот Канал, е ослободен денеска од спасувачките екипи, соопшти компанијата за поморски услуги Inchcape Shipping.
– „Ever Given“ е успешно вратен во соодветна положба изутринава во 04.30 часот и моментно е безбеден, напиша компанијата на својот твитер-налог.
Но иако спасувачките екипи успеале да го ослободат бродот, се уште не е познато кога Суецкиот Канал ќе биде отворен за сообраќај.
Бродот на компанијата „Japans Shoei Kisen“, кој пловеше под знамето на Панама, се заглави минатата недела дијагонално преку јужниот дел на Суецкиот Канал, поради што целосно беше блокиран сообраќајот во еден од најфреквентните водни патишта во светот.
Големиот товарен брод со должина од 400 метри и широчина 59 метри, по ненадејниот налет на песочен ветер кој го наруши неговиот курс, се насука дијагонално во Каналот, на место широко помалку од 300 метри.
Најмалку 369 пловни објекти чекаат транзит низ Каналот, вклучително и десетици бродови за превоз на контејнери, танкери за нафта и бродови кои носат течен природен гас (ЛНГ) и течен нафтен гас (ЛПГ).
Штетата која е причинета со блокирањето на бродот се проценува на милијарди долари.
Ново на Сител
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка