Оштетено уште едно македонско возило во грчка Калитеа
Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во туристичкото место Калитеа, Република Грција.
На Граничниот премин „Богородица“, вчера од страна на лицето Ј.Ч. од Скопје било пријавено дека на 06.09.2015 г. во туристичкото место Калитеа, му било оштетено возилото марка „Пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, така што на задниот багаж со остар предмет му била изгребана налепницата „МК“ и со гребење му биле напишани буквите „SLAV“. Случајот, соопшти денеска МВР, не бил пријавен во грчката полиција.
Со овој, регистрирани се вкупно 12 случаи во оваа туристичка сезона на оштетени возила на македонски државјани кои летуваат во Грција, а регистрирани се и три случаи на кражба на регистарски таблички.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана