Македонија
15. September 2015 - 13:29

Оштетено уште едно македонско возило во грчка Калитеа

Граничната полиција евидентираше уште еден случај на оштетување возило на македонски државјани кои летувале во туристичкото место Калитеа, Република Грција.

На Граничниот премин „Богородица“, вчера од страна на лицето Ј.Ч. од Скопје било пријавено дека на 06.09.2015 г. во туристичкото место Калитеа, му било оштетено возилото марка „Пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, така што на задниот багаж со остар предмет му била изгребана налепницата „МК“ и со гребење му биле напишани буквите  „SLAV“. Случајот, соопшти денеска МВР, не бил пријавен во грчката полиција.

Со овој, регистрирани се вкупно 12 случаи во оваа туристичка сезона на оштетени возила на македонски државјани кои летуваат во Грција, а регистрирани се и три случаи на кражба на регистарски таблички.