Македонија
3. November 2022 - 14:02

Оштетени се две возила на лица од Основното јавно обвинителство и СВР- Штип

– Оштетени се две возила на вработени во Секторот за внатрешни работи-Штип и во Основното јавно обвинителство.

Портапаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА ја потврди информацијата, но не открива детали за случајот. Станува збор за сериозно оштетување на каросеријата на приватните автомобили.

Панајотова вели дека во тек е истрага за овој настан, кој е пријавен во текот на вчерашниот ден, а се случил меѓу 1 и 2 ноември. Дополнителни информации за истрагата се очекува во текот на денот.