Македонија
21. јуни 2024 - 16:33

Овчеполието повторно без вода за наводнување, посевите интензивно се сушат

На пеколни горештини Oвчеполието повторно без вода. Посевите од бостан, детелина и пченка интензивно се сушат, а каналот за наводнување е празен. Земјоделците велат дека за дел од посеаните култури нема спас.

- Има луѓе кои ги поставија цевките во своите ниви и гледаат дека нема вода, а за да не се нервираат повеќе си ги собираат цевките и си ги носат дома, зашто знат дека годината е завршена, да немаат главоболки и да прават дополнителни трошоци. Дел од луцерката (детелината) лани што ги наводнував ги оставам, за да спасам дел од пченката што може да се спаси, инаку другото е целосно изгорено- изјави Јонче Велков, земјоделец

Каналот за наводнување е проектиран за 9 кубни метра вода во секунда, од кои 6 кубни метри се за културите во Овче Поле, но во моментот имам само 10-тина сантиметри вода во секунда. Обвинуваат дека целата вода се троши во кочанско за наводнување на оризовите полиња, а и тие си ги плаќаат сметките за водарина.

- Тие си ги полнат оризите, целата вода таму оди рефус, знаеме како и наваму неколку 100-тина фамилии од штипскиот и светиниколскиот регион ќе останат со празни раце, а за пример ќе земам дека во с. Врсаково наплата е 90 %, изјави Богољуб Митев, земјоделец од с. Врсаково

- Јас мислам дека ако во едно семејство има 3 деца, треба сите 3 да јадат, а не само едното, изјави Марио Митев, земјоделец

Од водостопанство „Брегалница“ велат дека се запознати со ситуацијата, а проблем е кражбата на вода од несовесни оризопроизводители од неколку кочански села. Во моментот работат на регулација на дотокот на вода, но поради дефицитот на водари, ќе им бде потребно повеќе време.