Оризопроизводителите незадоволни од откупната цена, во амбарите им стои 5000 тони лански ориз
На неполн месец пред почетокот на жетвата, оризопроизводителите незадоволни од актуелната откупна цена на арпата и белиот ориз. Овој пат прстот го вперија во откупувачите. Во амбарите велат, им стојат околу 5000 тони арпа од минатогодишната реколта, но никој не е заинтерсиран за откуп, иако добија уверување од ресорниот министер.
- Министерот беше, имаше договор да ги натера да го откупат оризот, тие се нафатија, меѓутоа сега велат дека, не се во состојба, дека пазарот не оди, дека Србија ќе увезува ориз од Грција итн, итн, значи бараат оправдување. Тоа значи дека од договорот со министерот се уште не е откупен ниту 1 килограм ориз и луѓето буквално не знаат што да му прават. Втора работа, нема каде ниту да го сместат оризот од новата реколта, изјави Здравко Арсов, оризопроизводител од с. Облешево
Од една реколта се произведува околу 20 000 тони арпа или 10 000 тони бел ориз.
- Ако ние имаме 100 промотори во цела Европа и ако не можат да пласираат 10000 тони, тоа е жално, додаде Арсов
Во моментот се уште за откупувачите репер е производната цена утврдена пред 3 години од Земјоделскиот институт во Скопје, а во меѓувреме двојно се зголемија трошоците за репроматеријали.
- Доколку тие сметаат дека не можат да му помогнат на овој народ во откупот на ориз, мора да се бараат алтернативни патишта и либерализација на пазарот на ориз, се со цел да се обезбеди производство на ориз да има и понатаму на овие простори, изјави Стојче Ташковски, оризопроизводител од с. Облешево
Поради не навремено пуштање на водата за наводнување и доцната сеидба на одредени атари, стравуваат и дека годинава реколтата ќе биде со послаб квалитет и квантитет.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар