Македонија
9. November 2018 - 18:29

Орце Камчев донесен во Кривичниот суд

Бизнисменот Орце Камчев пред неколку моменти со комбе бил донесен во Кривичниот суд во Скопје.

Претходно попладнево и дел од другите осомничени во случајот на СЈО, „Империја“, беа изведени на распит пред судија на претходна постапка.

Во текот на вечерва судијата треба да изврши распит по што ќе следува одлука дали ќе ги испрати во притвор или ќе им одреди мерка на претпазливост.

Инаку, Специјалното јавно обвинителство соопшти дека по спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети што се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои била воспоставена надлежност на ова Јавно обвинителство, денеска е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.