Орце Ѓорѓиевски: Нереагирањето на полицијата ги мотивира криминалците

Премиерот и министер во заминување, Заев и Спасовски не можат да ја гарантираат безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Не поминува недела, а да нема запалено возило на улиците во Скопје. Скопје стана како Бејрут. Автомобили се палат, а МВР воопшто не реагира.
Синоќа во текот на ноќта е повторно запалено возило марка БМВ на паркингот кај ТЦ „Зебра“ пожарот бил подметнат, а сторителот и намерите како и вообичаено непознати се за полицијата. Срамота е во центарот на Скопје да горат возила, а полицијата да не реагира.
Спасовски не ги штити граѓаните, Спасовски ги штити криминалците.
Дали е точно дека зад ова палење на автомобили се работи за пресметка помеѓу криминални структури на власта и бизнис партнери на Заеви!? Дали заради нечии профити нашите граѓани треба да живеат во страв!?
Криминалците се мотивираат од нереагирањето на полицијата.
Оваа година се запалени над 100 автомобили во Скопје и поголемите градови низ државата. Спасовски е неспособен да ги открие сторителите и да ги заштити жртвите.
Невозможно е некој цела година да пали возила на бизнисмени, политичари и граѓани, а Спасовски да не знае ништо. Ако навистина не знае, тогаш е неспособен, ако знае тогаш очигледно го штити криминалот и криминалците. И едното и другото се причина да си замине и да одговара за неговата неработа.
На криминалните пресметки мора да им се стави крај. Граѓаните повеќе не се чувствуваат безбедни во нашата земја. По 12-ти април ќе следува одговорност за криминалците и конечно ќе има безбедност за граѓаните во Република Македонија.
Ново на Сител
-

Пронајден и приведен сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
-

Во Струга на ,,Машка плажа“ пронајдено безживотно тело на 20-годишник од село Октиси
-

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на дипломатски возила во близина на Амбасадата на Бугарија
-

Хорор во Тетово: Жена го тепала и удирала од асфалт своето тримесечно бебе
-

Запалени две возила со дипломатски таблички пред Бугарската амбасада | ФОТО
-

Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер „Брејнчајлд“ во Битола
-

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија
-

Горивата поскапуваат од половина до два денари
