Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Фон дер Лајен, како што соопшти нејзиниот кабинет, ќе има средби со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски. Ќе се разговара за европската перспектива на земјава и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ. Се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување.
Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, изјави дека Македонија сака да се најде решение со Бугарија што ќе обезбеди предвидливост на процесот на евроинтеграција. Вели дека има желба од страна на европските институции и од некои земји членки на ЕУ да помогнат да се засили меѓусебниот ангажман, да се отвори простор за дискусија, но нагласи дека нашите позиции се апсолутно јасни – во овој момент нема услови за уставни измени поради начинот на кој Бугарија се позиционира.
Иако има билатерални контакти со Софија, тоа досега не доведе до напредок и поради тоа, според Муцунски, потребна е помош од заинтересираната страна, а тоа е ЕУ. Затоа, позитивно гледа на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен на Скопје и со која меѓу другото ќе се разговара поконкретно и за оваа тема. Кај нас, вели министерот, нема дилема дека ни е потребно решение, но ставаме една црвена линија – дека мора да се најде решение што ќе ни обезбеди предвидливост и сигурност.
Турнејата низ Западен Балкан, претседателката на ЕК ќе ја почне на 30 септември со Албанија, по што ќе ги посети Косово и Црна Гора.
Овојпат, Србија и Босна и Херцеговина нема да бидат дел од нејзината агенда. Портпаролката на Европската комисија, Аријана Подеста соопшти дека двете земји се изоставени бидејќи се подготвуваат за избори. Србија ќе одржи предвремени парламентарни избори на 25 октомври, а во Босна и Херцеговина се закажани општи избори на 4 октомври.
МИА
Ново на Сител
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
-

Во Франција денеска ќе бидат затворени повеќе од 400 средни училишта поради протести на учениците
