Општинскиот кризен штаб на Куманово побара бесплатни маски за граѓаните
Владата да обезбеди одредена количина заштитини маски за кумановци и мегафони за известување побара Општинскиот кризен штаб на денешната 34-та седница. Маските бесплатно ќе бидат доставени до граѓаните, согласно донесените мерки за задолжително носење. Мегафоните ќе се користат за известување на граѓаните.
– Бараме од Влада на Република Северна Македонија, да се регулира начинот на доставување на негативните и позитивните резултати од тестирањето на Ковид– 19 (коронавирус) до граѓаните како и пропратно информирање на Центарот за јавно здравје – Куманово и ОШЗС Куманово, се наведува во соопштението од штабот.
Оттаму апелираат до граѓаните да се придржуваат согласно мерките и препораките на Министерство за здраство и Влада на Република Северна Македонија да се однесуваат одговорно кон себе и спрема другите околу нив.
– Штабот останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии упатени до Владата на РСМ и сите други државни институции и комисии, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
ЈП Комунална хигиена –Скопје за еден месец подигна 1800 кубни метри смет од диви депонии
-
Во 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени бракови
-
Горивата поевтинуваат за половина денар по литар
-
Не помина ниту третиот кандидат за претседател на Уставниот суд
-
Венко Филипче влегува во трката за нов лидер на СДСМ
-
Двајцата пратеници на НСДП во Собранието ќе делуваат опозициски
-
Со МЗШВ до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерката Вјолца Бериша
-
Павловска Данева ја повлече кандидатурата за претседател на Уставен, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство